BRUNO BANANI MADE FOR MAN EDT
Bruno Banani претставува мирис создаден за мажите. Made for Men е опоен и заводлив мирис, направен за да остави лежерен, опуштен и мажествен впечаток. Неговата игра со нотите се темели на напад, освојување и победа.Високите ноти на мирисот флертуваат...
Bruno Banani претставува мирис создаден за мажите. Made for Men е опоен и заводлив мирис, направен за да остави лежерен, опуштен и мажествен впечаток. Неговата игра со нотите се темели на напад, освојување и победа.Високите ноти на мирисот флертуваат со бергамот, рузмарин од Тунис и зелена јаболка. Во срцевината се наоѓаат освојувачките ноти на гераниумот, комбинирани со ладни и освежувачки водени ноти. Победата на долните ноти им ја носат балсамичните ноти на кедар од Вирџинија, тонка, мовот и мошусот дишејќи во вистинските мажествени тактови.Маѓепсувачкиот ароматичен Made for Men опива со својот интензитет и сплет од овошно ароматичен врв со водено и ладно срце, истакнувајќи ка атрактивната и возбудлива база која машкоста ја нагласува со акценти на шума и мошус, но исто така укажува и на неформално – повремениот однос на префинетиот заводник. Неодолив за жените кои му се на патот.Формата на шишенцето е инспирирано од машкото тело и неговите мускули, додека војничко – зелената боја на амбалажата укажува на машкост. Дури и името на мирисот е напишано во војнички стил. Сребрената плочка како привезок се наоѓа закачена околу вратот на искривеното шишенце креирано во стилот на Bruno Banani.
